Сервисни информации
МЗШВ: Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека се исплатени 338.468.141 денар на 9.567 овоштари.
Како што информира МЗШВ, исплатата е реализирана во согласност со Мерката 1.6 – директни плаќања од обработлива површина за одржување постојни овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
– Продолжуваме посветено да ги поддржуваме вистинските земјоделци и да придонесуваме кон одржлив и конкурентен развој на македонското земјоделство – наведува Министерството.
февруари 19, 2026

