Сервисни информации
Се намалуваат водостоите на реките
Водостоите на поголем дел од реките во земјата се намалуваат во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минимално зголемување на нивото од три сантиметри во споредба со вчерашното има реката Треска на мерното место кај Македонски Брод, Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања, каде што водостојот е зголемен за четири, односно за два сантиметра, и Струмица кај Коњарево, каде што нивото е повисоко за три сантиметри.
Најголемо зголемување на водостојот од 24 сантиметри има реката Струмица кај мерното место Сушево, за 20 сантиметри во споредба со вчера е зголемено нивото на Црна Река кај Р. Б. Мост, а за 18 сантиметри на Брегалница кај Штип.
Водостоите, пак, на трите природни езера во земјата се исти како вчера.
февруари 18, 2026

