Connect with us

Свет

Мелони во Милано се сретна со Џеј Ди Венс

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во Милано се сретна со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кој ќе присуствува на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри (ЗОИ).

„Минатиот пат се сретнавме со потпретседателот на САД во Рим на инаугурацијата на папата Лав, а денес повторно се среќаваме на церемонијата на отворање на Олимписките игри. Овие два настани илустрираат систем на вредности што ги поврзуваат Европа и Соединетите Американски Држави, што го поврзуваат Западот, што очигледно е темелот на нашата соработка, нашето пријателство и иднината што сакаме да ја изградиме заедно“, рече Мелони на средбата со Ди Венс, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

На средбата присуствуваа и американскиот државен секретар Марко Рубио и министерот за надворешни работи Антонио Тајани.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2