Connect with us

Свет

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување („Нов старт“) меѓу САД и Русија, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.

„Тоа е исто така заедничко очекување на меѓународната заедница“, рече Лин на редовната прес-конференција.

На прашање да го коментира предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за развој на нов, унапреден и долгорочен договор за стратешко вооружување со Русија, наместо продолжување на договорот „Нов старт“, кој истече вчера, Лин рече дека кинеската страна не е запознаена со деталите на тој предлог.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3