Connect with us

Свет

Дмитриев негира вмешаност на руските разузнавачки служби во скандалот со Епстин

Главниот преговарач на Русија во разговорите со САД, Кирил Дмитриев денеска ги отфрли обвинувањата за вмешаност на руското разузнавање во скандалот со Џефри Епстин.

– Очајни, морално пропаднати, лажливи левичарски елити паничат и се обидуваат да заблудат. Светот е изморен од вашите лаги и ги гледа нивните вистински намери, објави Дмитриев на платформата Икс.

Тој реагира откако полскиот премиер Доналд Туск изјави дека покојниот сексуален предатор и педофил Епстин можеби имал блиски контакти со Русија.

Вашата кабала и лажна пропагандна машина се разоткриени. Крај на играта за изопачените и често сатански либерални елити, истакна Дмитриев. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3