Connect with us

Свет

Започна Венецијанскиот карневал инспириран од Зимските олимписки игри

Венецијанскиот карневал започна денеска под мотото инспирирано од Зимските олимписки игри 2026 година, славејќи ги „универзалните теми на играта и предизвикот“.

Годинешното издание, под наслов „Олимп – потеклото на играта“, се одржува паралелно со подготовките за Зимските олимписки игри во северна Италија, кои започнуваат в петок.

Официјални домаќини на Игрите се Милано и Кортина д’Ампецо, но дел од натпреварите ќе се одржат и во регионот Венето, чиј главен град е Венеција.
Се очекува десетици илјади посетители од целиот свет да присуствуваат на карневалот, кој ќе трае до 17 февруари.

Програмата вклучува раскошни маскенбали и паради со гондоли по венецијанските канали, а голем дел од учесниците носат традиционални венецијански маски.
Денеска, маскирани учесници и туристи можеа да се видат низ уличките околу плоштадот Свети Марко.

Венецијанскиот карневал потекнува од Средниот век. Иако традицијата била прекината во одреден период, таа подоцна била обновена и денес претставува еден од најважните туристички настани во градот.

Минатогодишното издание, под мотото „Во времето на Казанова“, беше посветено на 300-годишнината од раѓањето на прочуениот заводник и една од најпознатите личности од Венеција.

Зимските олимписки игри ќе продолжат неколку дена по завршувањето на карневалот, до 22 февруари. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3