Connect with us

Свет

Мерц скептичен за планот на Вебер за спојување на водечките функции во ЕУ

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази скептицизам во врска со изводливоста на предлозите за далекусежни реформи во Европската Унија, поднесени од лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер.

Вебер предложи спојување на двете највисоки функции во ЕУ – претседател на Европската комисија и претседател на Европскиот совет – со цел да се зголеми ефикасноста на Унијата во меѓународните односи.

– Постигнувањето измени на договорите во оваа Европска Унија од 27 членки е прилично тешка задача. Застапувам став дека прво и пред сè треба да се концентрираме на задачите што се на маса, а тоа се две нешта: одбранбените капацитети и конкурентноста, изјави Мерц денеска на почетокот на самитот на ЕПП во хрватскиот главен град Загреб.

Вебер, пак, во изјава за германскиот магазин „Дер Шпигел“, оцени дека ЕУ не одиграла водечка улога во неодамнешните надворешнополитички кризи и се заложи за формирање на европска армија. Тој исто така предложи донесување „договор за суверенитет“ кој би им овозможил на земјите кои сакаат поблиска соработка да одлучуваат со квалификувано мнозинство, наместо со консензус, со цел да се забрза дејствувањето на ЕУ.

Во моментов, ЕУ на меѓународните самити е претставена од „дуото“ Урсула фон дер Лајен (ЕК) и Антонио Кошта (Европски совет), поделба која според критичарите често предизвикува нејаснотии кај меѓународните партнери. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 3