Connect with us

Сервисни информации

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, снег на повисоките места и на планините

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините ќе има врнежи од снег.

Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен прaвец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 6 степени.

Според прогнозата на УХМР,  до почетокот на следната седмица следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд на пониските и дожд и снег на повисоките места.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1