Свет
Сеул тврди дека Северна Кореја лансирала неидентификуван проектил кон Источното Море
Армијата на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја денеска лансирала неидентификуван проектил кон Источното Море (познато и како Јапонско Море).
Здружениот штаб на јужнокорејската армија соопшти дека проектилот е лансиран денеска, но не наведе повеќе информации.
Северна Кореја претходно на 4 јануари лансира балистичка ракета кон Источното Море.
Со резолуција на Обединети нации на Северна Кореја ѝ е забрането да лансира, па дури и да тестира балистички ракети со кој било дострел.
Најверојатно, денеска е лансирана ракета „земја-земја“, што може да биде опремена и со нуклеарна бојна глава.
јануари 27, 2026

