Вести
Сиљановска-Давкова: Пораката на свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска упати честитка до граѓаните од српска националност по повод празникот Свети Сава – Националниот ден на Србите во земјата, во која истакна дека пораката на свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било за заедничко чекорење по патот на напредокот и пријателството.
Во честитката таа им посака добро здравје, мир и спокој, како и радост и слога во нивните домови. Претседателката истакна дека делото на свети Сава како просветител и мировник претставува траен патоказ за негување на духовноста и градење заедништво засновано на меѓусебно почитување и разбирање.
Сиљановска-Давкова нагласи дека српската заедница, со својот богат културен идентитет и традиција, е важен дел од македонското мултикултурно општество и дека нејзиниот придонес во сите општествени сфери ја прави државата побогата и попросперитетна.
Таа порача дека во време на ногтубројни предизвици пораката на свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било и повика на заедничко чекорење по патот на напредокот и пријателството.
јануари 27, 2026

