Connect with us

Свет

Гугл се спогоди да плати 68 милиони долари поради шпионирање на корисниците

Корисниците на „Гугл“ поднесоа тужба против компанијата поради тоа што неговиот „Гугл асистент“ (Google Assistant) нелегално ги шпионирал нивните паметни телефони снимајќи и пренесувајќи приватни разговори до огласувачите со цел да им испраќа таргетирани реклами.

„Првичната спогодба е поднесена до Федералниот суд во Сан Хозе, Калифорнија, и се чека да биде одобрена од судијката Бет Лабсон Фримен“, пренесува ЦНБС (CNBC).

„Гугл“ ги негира причините за тужбата, но сепак се согласи за спогодба за да ги избегне ризиците, трошоците и неизвесноста од судски спор. Доколку судот го прифати нивниот меѓусебен договор, корисниците на „Гугл“ ќе добијат обесштетување од 18 мај 2016 година. Адвокатите на тужителите имаат право да побараат до една третина од фондот за спогодба за судски трошоци, а сумата изнесува речиси 22 милиона долари.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2