Connect with us

Свет

Бовино и агенти на ИЦЕ најверојатно ќе заминат од Минеаполис

Американските медиуми објавија дека се очекува претставникот на операциите на граничната патрола, Грегори Бовино и некои агенти на Службата за имиграција и царини (ИЦЕ) наскоро да заминат од Минеаполис.

Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, по телефонски разговор со претседателот Доналд Трамп, на платформата Икс, објави дека денеска федералните агенти ќе заминат од градот. Но, тој не прецизира колку агенти ќе се повлечат.

Во Минеаполис повеќе денови се одржуваа протести, откако на 7 јануари агент на ИЦЕ ја уби Рене Гуд, а на 24 јануари од припадник на ИЦЕ убиен е Алекс Прити. Администрацијата на Трамп тврди дека агентите пукале во самоодбрана.

Најавите дека Бовино ќе замине од Минеаполис уследија откако Трамп изјави дека телефонски разговарал со гувернерот на Минесота, Тим Волц. За американскиот претседател тоа било „многу добар разговор“, додека Волц наведе дека разговорот бил продуктивен и оти Трамп се согласил да размисли за намалување на бројот на федерални агенти распоредени во Минесота. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 3