Сервисни информации
Слаби врнежи од дожд во пониските места, снег на планините
Претпладне во источните делови од земјата се очекуваат слаби врнежи од дожд во пониските предели, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег. Попладне времето ќе се стабилизира.
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, во среда кон крајот на денот, како и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег.
Од петок се очекува променливо облачно време со услови за појава на слаби локални врнежи од дожд и снег на одделни места.
јануари 26, 2026

