Connect with us

Вести

Потпишан протокол за правила за потекло како дел од спогодбата за партнерство, трговија и соработка со Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон, денеска го потпишаа Протоколот за правила за потекло, кој претставува составен дел од Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.

Протоколот овозможува практична и правна примена на проширената кумулација со материјали со потекло од Европската унија, земјите на ЕФТА, како и од другите држави опфатени со ПЕМ-конвенцијата, со кои двете земји применуваат преференцијална трговија.

Со проширената кумулација на потекло се создаваат нови можности за македонските извозници да користат преференцијален третман при утврдување на потеклото на стоките во трговијата со Обединетото Кралство. Ова е особено значајно за секторите со сложени производни ланци и висок удел на материјали од Европската унија и другите земји опфатени со ПЕМ-конвенцијата, како и во контекст на новите трговски односи на Обединетото Кралство по излегувањето од Европската унија.

Потпишувањето на Протоколот создава услови за зголемен извоз, отворање нови работни места и дополнително зајакнување на економијата, придонесувајќи кон поголема економска сигурност за граѓаните и подобро позиционирање на македонската економија на еден од најзначајните европски пазари.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3