Connect with us

Свет

Карни: Пукнатина во светскиот систем на управување, бледнее поредокот заснован на правила

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека во глобалниот систем на управување, предводен од Соединетите Американски Држави, се појавила пукнатина, како и дека бледнее светскиот поредок заснован на правила.

– Се наоѓаме среде пукнатина, а не транзиција – рече Карни во обраќањето на Светскиот форум во Давос, пренесува „Гардијан“.

Карни истакна дека Канада имала корист од стариот „меѓународен поредок, кој беше заснован на правила“, вклучително и од „американската хегемонија“ која „помогна во обезбедувањето на јавните добра – отворени морски патишта, стабилен финансиски систем, колективната безбедност и поддршката на рамките за решавање спорови“, но укажа дека е пристигната нова реалност.

– Наречете го тоа со вистинското име – систем на интензивирање на ривалството на големите сили, каде што најмоќните ги остваруваат своите интереси користејќи ја економската интеграција како присила – изјави Карни.

Карни оцени дека земјите како Канада повеќе не може да се надеваат дека „почитувањето на прописите ќе купи безбедност“.

– Нема. Прашањето за средните сили, како што е Канада, не е дали да се приспособат на оваа нова реалност. Мораме. Прашањето е дали се приспособуваме со едноставно градење повисоки ѕидови или можеме да направиме нешто поамбициозно. Средните сили мора да дејствуваат заедно бидејќи ако не сме на преговарачката маса, тогаш сме на менито – рече Карни.

Тој оцени дека „големите сили засега може да си дозволат тоа да го прават сами“.

– Тие ги имаат големината на пазарот, воениот капацитет и моќта да диктираат услови. Средните сили го немаат тоа – заклучи Карни.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 5