Сервисни информации
Променливо време со дожд, снег и магла – температурите во опаѓање
За време на викендот на пониските места се очекуваат слаби локални врнежи од дожд, додека на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Во понеделник и вторник ќе има преодно стабилизирање на времето, со повеќе суви периоди. Од среда, пак, повторно се најавуваат врнежи, претежно од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на утрешниот ден минималните температури ќе се движат во интервал од -2 до 2 степени Целзиусови, додека максималните дневни температури ќе бидат од 2 до 6 степени.
Според прогнозата на УХМР, од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
јануари 16, 2026


