Connect with us

Сервисни информации

Во Берово – 12 степени, на Попова Шапка 26 сантиметри снег

Во Берово изутринава во 7 часот се измерени – 12 степени,  -11 во Крива Паланка, – 10 во Демир Капија, Kрушево и Попова Шапка, а во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Тетово и Mаврови Анови – 9.  Во Струмица, Штип, Кавадарци, Велес, Охрид и Претор – 8, Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Виница – 7,  во Гевгелија – 5 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека на Попова шапка има 26 сантиметри снег, во Крушево 15, во Ѓуриште 4, а во Тетово и Берово 2 сантиметри. 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1