Connect with us

Регион

Софија: Од обработени 98,99 отсто гласови Јотова и Валчев освоиле 34,7 отсто, Ѓуров и Кандев 32 отсто

Централната изборна комисија во Софија на својата веб страница ги објави податоците од претседателските избори одржани вчера, според кои при обработени 98,99 проценти од протоколите води двоецот Илијана Јотова и Кирил Валчев. 

Јотова и Валчев имаат освоено 524 913 гласови или 34,7% поддршка.

На второ место се двојката Андреј Ѓуров и Георги Кандев со 483 846 гласови или 32% поддршка.

На трето место се Костадин Костадинов и Петар Волгин со 190 220 гласови или 12,6% поддршка.

Полето „Не поддржувам никого“ го означиле 66.843 гласачи или 4,4% од оние што гласале.

Гласањето мина во мирна атмосфера со рекордно ниска излезност под 20 отсто. Најголема излезност е забалежана во Софија од 18,36 отсто, а најмала во Крџали 6,77 отсто 

Според резултати, Бугарија ќе го избере седмиот претседател на вториот круг од претседателските избори што ќе се одржи в недела на 1 ноември.

Ad
Ad