Connect with us

Регион

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори

Европската Унија понуди поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори, ветувајќи поддршка за реформите за зајакнување на владеењето на правото, слободата на медиумите и демократските институции, како и борбата против корупцијата.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, синоќа и честитаа на Студентската листа за победата и изјавија дека се подготвени да помогнат во напредокот на Србија на патот кон членство во ЕУ.

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, истакна дека изборите се одржале со историски висока излезност на гласачите по речиси две години протести во одбрана на демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Според неа, сега може да започне нова етапа за земјата, нагласувајќи дека „вратата кон ЕУ е отворена“.

Србија има статус на земја-кандидат за членство во ЕУ од 2012 година, а преговорите за пристапување официјално започнаа во 2014 година. Сепак, процесот во голема мера е заглавен поради политиките на досегашното српско раководство, вклучително и загриженоста за почитување на демократските стандарди и владеењето на правото, како и блиските односи на долгогодишниот српски лидер Александар Вучиќ со Москва,

Ad
Ad