Connect with us

Вести

Филипче вели дека по Вучиќ, следен е Мицкоски, ама предвремени избори не бара

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија по големата победа на изборите, се наведува во партиското соопштение. 

„Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа!

Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен, посочува Филипче.

Тој oчекува Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка.

„На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група“, вели Филипче.

Сепак, тој денес го повтори својот став за распишување на предвремени парламентарни избори во земјата и како што рече нема да му бидат алиби на премиерот Христијан Мицкоски за распишување на избори. 

– Ние кажавме и ќе го повторам ставот, нема да му бидеме алиби на Христијан за избори, има двотретинско мнозинство, нека си распиши избори. Ние чекаме да испорача тој, да испорача подобар стандард, подобар живот, така ветуваше. Подобри услови во училиштата, во болниците, за земјоделците, за пензионерите подобар живот, за работниците, ништо од тоа нема Подобри преговарачки позиции, ништо нема, борба против корупција, криминал, ништо нема – вели Филипче. 

Ad
Ad