Свет
Речиси 1.000 лица се приведени за време на протестите во Франција
Речиси 1.000 лица се приведени за време на денешните протести во Франција, а две златарници се ограбени во Марсеј, соопшти министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез.
Тој изјави дека до 19:30 часот речиси 1.000 лица се приведени низ целата земја и предупреди дека тој број може да се зголеми.
„За споредба, во исто време за време на протестите на 17 октомври имаше 385 апсења“, рече францускиот министер, пренесува телевизијата БФМ.
октомври 25, 2026


