Свет
Фајненшал тајмс: Украина преговара за преместување на царинските контроли во ЕУ поради руските дронови
Украина преговара со членките на Европската унија, Полска и Словачка, за преместување на царинските контроли на камионите што транспортираат жито наменето за извоз од границата кон локации во тие земји, со цел да се спречат руски напади со беспилотни летала врз камиони, објави денеска „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на извори запознати со тоа прашање.
Министерството за надворешни работи на Украина објави дека Киев воспоставил заеднички гранични контролни пунктови со Молдавија и сака да ја прошири иницијативата и на други соседни земји, вклучително и на Полска.
Портпаролот на министерството, Георги Тихи, изјави за весникот дека таа иницијатива е покрената поради „новата безбедносна средина, во која Русија намерно се обидува да ги нападне нашите граници“, додавајќи дека Киев сака што поскоро да постигне договор со Полска. Тој додаде дека Киев сака што поскоро да постигне договор со Полска.
октомври 23, 2026


