Connect with us

Свет

Москва сака сеопфатна агенда за можна средба меѓу Путин, Си и Трамп

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко денеска изјави дека агендата на можна средба на лидерите на Русија, Кина и САД, Владимир Путин, Шји Џинпинг и Доналд Трамп, на маргините на самитот на АПЕК, не треба да биде ограничена на поединечни теми.

„Веруваме дека агендата не треба да биде ограничена на специфични теми, туку треба да опфати сеопфатен сет прашања“, изјави Руденко за руски медиуми, додавајќи дека Москва ќе работи на тоа агендата да го одразува таквиот пристап. Руденко нагласи дека Москва е посветена на одржување трилатерален состанок. 
Трамп претходно изјави дека таков состанок на маргините на самитот на АПЕК е потребен првенствено за нуклеарно разоружување, а не за разговори за решавање на конфликтот во Украина.

На почетокот на октомври, помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков ја објави можноста за трилатерален состанок. Самитот на АПЕК ќе се одржи во Шенжен на 18 и 19 ноември.

Ad
Ad