Свет
Судија побара од Трамп да објасни до 11 декември пред суд зошто ги тужи Би-Би-Си
Американски федерален судија му наложи на претседателот Доналд Трамп да се појави на суд до 11 декември за да сведочи во неговата „тешка“ тужба за клевета од 10 милијарди долари против Би-Би-Си. Судијката од Мајами, Анџелик Лет, го побара тоа откако адвокатите на британскиот јавен радиодифузер изразија незадоволство од доцнењето на Трамп во присуството на постапката што тој ја иницираше. Давањето исказ претходно беше закажано за 16 октомври, но Трамп го откажа, наведувајќи „прашање од национално значење“, иако тој ден всушност бил во Џорџија на кампањата, нагласуваат адвокатите на Би-Би-Си.
Судијката Лет изјави дека Трамп мора да сведочи до 11 декември или ќе се соочи со санкции. Трамп, кој во минатото избегнуваше да сведочи, поднесе лани во декември тужба против Би-Би-Си . Тој го обвини јавниот сервис за клевета и измамнички и нефер деловни практики поради документарецот „Трамп: Втора шанса“.
Би-Би-Си призна дека авторите на извештајот комбинирале цитати од различни делови од говорот што Трамп го одржал пред своите поддржувачи на 6 јануари 2021 година, пред упадот во американскиот Капитол, за да создадат впечаток дека тој директно повикува на насилство.
Медиумската компанија се извини, а директорот на Би-Би-Си и главниот уредник на информативната програма поднесоа оставки. Сепак, Би-Би-Си ги отфрли тврдењата на Трамп дека бил клеветен.
октомври 23, 2026


