Connect with us

Свет

Во Полска протести за пристап до легален абортус

Голем број луѓе во повеќе градови во Полска протестираа поради законот за абортус, барајќи негова либерализација.

Протестот во Варшава беше пред зградата на парламентот. Демонстрантите носеа транспаренти со слогани како „Легален абортус“, „Одиме со сите сили“ и „Можеме да ја собориме секоја влада“.

Протести се одржаа и во Краков, Познањ, Лоѓ и многу други градови.

Демонстрантите ја обвинија владата на премиерот Доналд Туск дека не го исполнила своето изборно ветување. Иако парламентот пред два дена усвои два нацрт-закона насочени кон олабавување на прописите за абортус, се очекува конзервативниот претседател Карол Навроцки да стави вето.

Полска има меѓу најстрогите законите за абортус во Европа. Датумот на националните демонстрации не беше избран случајно: на 22 октомври 2020 година, Уставниот суд, по иницијатива на тогашната влада на традиционалната конзервативна партија Право и правда (ПиС) – пресуди дека на жените не им е дозволено да абортираат дури и во случаи на тешки абнормалности на фетусот. Оттогаш, абортусот е дозволен само по силување или инцест, или ако животот на бремената жена е во опасност.

Либерализацијата на прописите за абортус беше едно од клучните изборни ветувања на Туск.

Ad
Ad