Connect with us

Свет

Италија и Шпанија нема да ги продолжат граничните контроли во рамките на Шенген

Италија и Шпанија нема да ја продолжат моментално важечката суспензија на слободното движење во рамките на Шенген зоната, откако министрите за внатрешни работи на двете земји постигнаа договор за ова прашање, објави денеска италијанското Министерство за внатрешни работи.

Одлуката е донесена по телефонскиот разговор меѓу италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози и неговиот шпански колега Фернандо Гранде-Марласка, одржан по состанокот меѓу премиерката Џорџа Мелони и шпанскиот премиер Педро Санчез на маргините на Европскиот совет минатата недела, објави „Кориере дела Сера“.

Спогодбата ќе биде придружена со зголемена размена на информации со цел да се зачува безбедноста на Шенген зоната.

Граничната криза меѓу двете земји избувна во август, по пристигнувањето на илјадници мигранти во шпанскиот град Сеута.

Потоа Италија воведе воздушни и поморски гранични контроли за патниците од трети земји кои доаѓаат од Шпанија, стравувајќи дека мигрантите би можеле да стигнат до Италија.

Мадрид одговори со воведување реципрочни мерки за патниците кои пристигнуваат од Италија, а ограничувањата беа продолжени двапати.

Според податоците од италијанското Министерство за внатрешни работи, во август биле идентификувани 180.000 луѓе кои пристигнале од Шпанија.

Од нив, 31 биле вратени, вклучувајќи осум марокански државјани, но ниту едно од тие луѓе не било меѓу мигрантите кои пристигнале во Сеута

Ad
Ad