Фудбал
Компани: Арсенал е многу тежок противник, штета што го изгубивме моментумот на крајот
Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, искажа пофални зборови за Арсенал по нивното синоќешно реми (2:2) во 3. коло од фудбалската Лигата на шампиони.
– Се наоѓаме во период кога играме еден натпревар по друг, па веќе размислуваме за следниот натпревар. Денес се соочивме со силен противник. Имавме свои шанси, дури создадовме и неколку многу опасни моменти, што, да бидам искрен, не ги очекував пред натпреварот. Штета што изгубивме малку моментум во последните минути. Овој натпревар можеше да се добие, но не смееме да заборавиме дека Арсенал е многу тежок противник. Натпреварот беше интензивен, момците дадоа сè од себе. На крајот, резултатот веројатно беше фер, изјави Компани.
Со пет бода, Баерн е на 14. место во вкупниот пласман во Лигата на шампионите. Во следниот натпревар, тимот од Минхен ќе игра против Атлетико Мадрид на гостински терен на 3 ноември.
октомври 22, 2026


