Connect with us

Свет

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза

Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, денеска изјави дека Европа е во длабока енергетска криза и дека Русија и САД се согласиле да го продолжат дијалогот, особено за конфликтот во Украина.

Зборувајќи на Евроазискиот економски форум во Истанбул, Дмитриев рече дека продолжувањето на комуникацијата била главната одлука на вчерашниот состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф во Санкт Петербург.

„Вчера донесовме неколку многу важни одлуки, а најважна беше да ја продолжиме комуникацијата, особено во врска со конфликтот меѓу Украина и Русија“, рече Дмитриев.

Тој, исто така, оцени дека договорот за испораки на руски дизел во САД ќе има позитивен ефект врз глобалните пазари.

„Во моментов, многу внимание се посветува на „договорот за дизел“. Тој е многу важен… Веруваме дека тоа ќе ни овозможи значително да ја подобриме нашата пазарна позиција, а исто така го гледаме како развој на фундаментален дијалог и комуникација со САД“, рече Дмитриев.

Според него, колку повеќе деловни договори меѓу Русија и САД, толку повеќе европски компании ќе бидат подготвени да им се придружат.

Тој, исто така, изјави дека Европа продолжува да купува руски гас и покрај зголемувањето на цените.

Ad
Ad