Connect with us

Свет

Премиерот на Кина изјави дека Русија и Пекинг претставуваат важна сила за стабилност во турбулентниот свет

Во услови на сложена меѓународна ситуација која постојано се менува, Кина и Русија одржуваат блиска координација и претставуваат важна сила за стабилност во светот одбележан со турбуленции и промени, изјави премиерот на Кина, Ли Чијанг, на средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин, во Санкт Петербург.

– Кина е подготвена со Русија да ја зајакне стратешката комуникација, да ја зацврсти политичката меѓусебна доверба, да ја прошири сеопфатната заемно корисна соработка и континуирано да ја унапредува благосостојбата на двата народа – рече Ли.

Тој истакна дека Кина е подготвена со Русија подобро да ја искористи комплементарноста на нивните економии, да го зачува позитивниот замав на билатералната соработка, да ја зајакне практичната соработка во областа на енергетиката и ресурсите, трговијата и инвестициите, транспортот и други области, да оствари дополнителни позитивни резултати и да го поттикне заедничкиот просперитет на двете земји, пренесува Кинеската медиумска група (ЦМГ).

– Двете страни би требало да го обезбедат успехот на Кинеско-руските години на образованието, континуирано да ги продлабочуваат размената и соработката во областа на културата, туризмот, спортот и младите и дополнително да ги унапредат меѓусебното разбирање и пријателството меѓу двата народа – рече Ли.

Путин го замоли Ли да ги пренесе неговите искрени поздрави до претседателот на Кина, Шји Џјинпинг, и посака успех на претстојниот петти пленум на 20-тиот Централен комитет на Комунистичката партија на Кина.

Путин рече дека тој и Шји се сретнале неколку пати оваа година и постигнале нов важен консензус за унапредување на сеопфатното стратешко партнерство и координација меѓу Русија и Кина во новата ера.

Ad
Ad