Сцена
Продуцентот ИСМ ја тужи „Сони“ поради неисплатени авторски надоместоци за песната „Забава“ на Крис Браун
Продуцентот ИСМ, чие вистинско име е Ишмаел Садик Монтагју, на 16 октомври поднел тужба против компанијата „Сони“ пред Федералниот суд во Њујорк, барајќи исплата за договорените надоместоци за песната „Забава“ на Крис Браун, во која се појавуваат Гучи Мејн и Ашер.
„Според првичните информации, продуцентот со компанијата „Крис Браун“ (Chris Brown Entertainment) договорил удел од 1,5 отсто од надоместоците за песната од кој му биле исплатени само половина од договорениот процент“, се наведува во тужбата.Тој тврди дека наводната грешка ја открил во јули откако ги прегледал документите, а следниот месец ја известил компанијата која не извршила промена.
„Во јуни ги продадов правата за надоместок на компанијата „Експоужр мјузик холдингс (Xposure Music Holdings), па затоа, „Сони“ требаше од 1 септември исплатите да ги префрли на новиот носител“, стои во тужбата во која се наведува дека, меѓу другото, компанијата му побарала да потпише задолжителен образец со кој ќе се откаже од правото за проверка на финансиското работење.
Меѓу другото, ИСМ тврди дека компанијата најпрво го информирала дека не постои евиденција за пресметка на неговиот договорен удел, за подоцна да ја признае вистината.
„Потпишаниот документ не содржи никаква изјава за откажување од побарувања, откажување од права ниту потврда за состојбата на која било сметка“, се наведува во тужбата“, со која продуцентот бара отштета од 1.247.500 долари, дополнителна казнена отштета, како и исплата на сите преостанати неисплатени средства.
октомври 22, 2026


