Фудбал
Карик по поразот од Комо: Повеќе од разочарување, одговорноста е на сите
Тренерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, е разочаран од високиот пораз (1:4) од Комо синоќа на гостински терен во третото коло од Лигата на шампионите.
– Тоа е повеќе од само разочарување. Искрено, одговорноста е на сите. Мислам дека секој мора да ја преземе. Јас преземам 100 проценти одговорност за тимот како целина и за неговиот настап. Сè завршува со мене. Сосема сум задоволен со тоа, целосно го прифаќам. Но, јас сум навивач на овој фудбалски клуб многу долго време и искрено ми е грижа што ќе им се случи. Гледањето ваков натпревар е неприфатливо. Многу фактори влијаат на натпреварот. Дефинитивно ќе анализирам што направивме. Но, многу има врска со мотивацијата, ставот, решителноста и интензитетот со кој треба да влезете во фудбалски натпревар. Денес го немавме тоа, изјави карик.
Тој им се извини на навивачите.
– Дали ова вистинското ниво на тимот? Не сто проценти, бидејќи веќе покажавме што сме способни шест или седум месеци. Но, не можете да бирате кога сакате да играте, а кога не, кога давате апсолутно сè и кога можеби не. Додека тоа не се промени, нема да победите доволно натпревари. Неверојатно ми е грижа за нашите навивачи. Тие се срцето на овој фудбалски клуб и секогаш ќе бидат. Тие дојдоа толку далеку за да стигнат до тука. Им должам извинување за нашиот настап, со оглед на сè што направија за да стигнат до тука денес. Навистина ми е жал што мораа да гледаат таков настап. Нема апсолутно никакво оправдување. Мислам дека е едноставно неприфатливо, нагласи Карик.
Манчестер јунајтед со три бода се наоѓа на 20. позиција во поредокот на елитната фудбалска лига.
октомври 22, 2026

