Свет
Путин: Можна средба со Трамп во Кина
Постои можност за средба со американскиот претседател, Доналд Трамп, во Кина, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
За време на средбата со Стив Виткоф, специјалниот пратеник на американскиот лидер, рускиот претседател посочи дека има намера да изнесе одредени размислувања во врска со можна средба со Трамп во Кина.
„Овие прашања, како што се решавањето на кризите во Украина и Персискиот Залив, како и други теми, сигурно би можеле да бидат во центарот на нашиот разговор, вклучително и можноста за средба во Народна Република Кина со Трамп. Имам одредени идеи за ова што би сакал да ги споделам со вас“, рече Путин, обраќајќи му се на Виткоф, пренесуваат руските медиуми.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, подоцна изјави дека е можна трилатерална средба меѓу Путин, Трамп и кинескиот претседател Шји Џјинпинг, но дека засега нема јасна агенда.
Како што процени, таквата средба би го привлекла вниманието на светот.
октомври 22, 2026

