Connect with us

Општини

За Кочани две нови амбулантни возила, едно за Виница

Општата болница со проширена дејност – Кочани ќе добие две современи амбулантни возила во рамки на владиниот проект за набавка на вкупно 100 нови возила за итна медицинска помош, за кој се издвоени 7,5 милиони евра.

Со проектот е опфатен и Здравствениот дом во Виница, како дел од активностите за унапредување на здравствениот систем и подобрување на условите за обезбедување медицинска помош.

Новите возила треба да придонесат за побрза и поефикасна интервенција на медицинските екипи, подобри услови за работа и поголема сигурност за пациентите од Кочани, Виница и околните населени места.

Набавката е дел од мерките за модернизација на здравствените услуги, со цел граѓаните да добијат подостапна и поквалитетна здравствена заштита.

Ad
Ad