Connect with us

Хроника

ДЗС: Потрага по исчезнатото лице крај Вардар во Гостиварско

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека активирала тимови на терен за пронаоѓање на исчезнато лице, за кое постојат индиции дека е видено кај реката Вардар на подрачје на Гостивар, по официјално барање на Полициската станица (ПС) Гостивар.

Во акцијата за пребарување и спасување се вклучени припадници на Тимот за брз одговор (ТБО) за спасување на води на ДЗС, со соодветна логистика од Подрачното одделение на ДЗС – Гостивар. На терен заедно со тимовите е и заменик-директорот на ДЗС, Кашмир Салиу.

Од ДЗС посочуваат дека екипите заедно со заменикот-директорот работат во тесна координација со полициските службеници од ОВР Гостивар и локалните служби, со цел што побрзо лоцирање на лицето. Како што наведуваат, пребарувањето се одвива интензивно по текот на реката Вардар, почнувајќи од критичните точки во градот па сè до низводните подрачја.

И покрај моментните услови на теренот и спецификите на речното корито, велат дека екипите на ДЗС ќе бидат ангажирани сè додека не се заврши целосната операција.

ДЗС апелира до граѓаните на Гостивар и околните населени места, доколку располагаат со какви било информации поврзани со исчезнатото лице или забележат нешто долж речното корито, веднаш да пријават на дежурните броеви во полицијата или до надлежните служби за заштита и спасување, а и на  112 на ЦУК. 

Ad
Ad