Connect with us

Вести

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој ќе се одржи во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската Унија.

Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и Канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц  кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската Унија.
 
Пред почетокот на настанот, информираат од владината прес-служба, предвидени се кратки изјави за медиумите, додека на главната сесија премиерот Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.

Ad
Ad