Свет
ЕУ сака да го ограничи увозот на евтина стока за да ги заштити европските компании
Европската Комисија ќе предложи нови мерки за заштита на Европската Унија од нелојална конкуренција и дампинг увоз, соопшти претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
Централниот дел од предлогот е механизам кој би им овозможил на членките на ЕУ брзо да го ограничат пристапот до единствениот пазар во случај на ненадеен прилив на евтина стока што ја загрозува европската индустрија.
– Конкурентноста зависи од тоа дали нашите компании можат да се натпреваруваат под фер услови на глобално ниво – рече Фон дер Лајен.
Комисијата исто така ќе предложи и пакет за солидарност наменет за државите кои ќе се соочат со конкретни трговски закани.
– Во свет во кој економската моќ сè почесто се користи како оружје, Европа мора да ја искористи својата економска сила за заеднички да ги одбрани своите интереси – заклучи претседателката на Европската Комисија.
октомври 21, 2026


