Connect with us

Архива

ЛШ: Борусија го совлада Сабах, без победник меѓу Фенербахче и Славија

Во воведните натпревари од 3. коло во фудбалската Лига на шампиони, Борусија Дортмунд извојува вечерва гостинска победа над Сабах од 2-1 во Баку, додека Фенербахче и Славија Прага одиграа нерешено 2-2 во Истанбул.

Борусија дојде до својата втора победа во Лигата на шампиони со головите на Гирасу во 10 и 53 минута, додека Мекарти беше стрелец за голот на азербејџанскиот тим.

По воведните три кола, германскиот тим има шест бодови, додека Сабах остана на три бодови.

На дуелот во Истанбул, фудбалерите на Фенербахче имаа фуриозен старт и веќе во раната фаза од натпреварот имаа водство од 2-0 со головите на Ајдин (4) и Гринвуд (11).

Сепак, тоа не беше доволно за премиерна победа на турскиот клуб, откако гостите од Прага најпрво ја намалија негативата преку Провод во 15 минута, а бод на чешкиот тим му донесе Качор во 90 минута.

Фенербахаче има два бода од три натпревари, додека Славија го освои премиерниот бод.

Ad
Ad