Connect with us

Фудбал

Араухо: Прерано е да се зборува за потпишување на траен договор со Ливерпул

Дефанзивецот на Ливерпул, Роналд Араухо, смета дека е прерано да се каже дали ќе остане со англискиот тим.

Дваесет и седумгодишниот Уругваец е на едногодишна позајмица од Барселона, со опција за откуп од приближно 56 милиони евра.

– Прерано е да се зборува за овие работи. Само се обидувам да уживам во секој ден, да продолжам да растам и да се развивам секој ден, за да можам да имам самодоверба. Навистина сум среќен што сум тука, а и моето семејство е многу среќно. Знаете колку е голем Ливерпул, но кога ќе дојдете тука и ќе ја видите големината на овој клуб, структурата, навивачите, сфаќате дека е гигантски тим, изјави Араухо за британските медиуми.

Тој постигна еден гол и имаше една асистенција во девет настапи за Ливерпул во сезоната 2026/27.

Договорот на Араухо со Барселона е до 30 јуни 2031 година.

Ad
Ad