Connect with us

Регион

Калабухов: Русија е за ослободување на БиХ од „малигниот западен протекторат“

Рускиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Игор Калабухов изјави дека Русија се залага за ослободување на БиХ од статусот на „малигниот западен протекторат“ и за што поскоро затворање на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР).

Калабухов за бањалучкиот весник „Глас српске“ наведе дека „ОХР, мешајќи се во внатрешните работи на БиХ, само ги зголемува противречностите помеѓу конститутивните народи, спречувајќи ги да најдат компромиси и меѓусебно прифатливи решенија“.

Тој посочи дека Русија е убедена оти БиХ е целосно способна да се развива без надворешен надзор, демонстрирајќи општествена зрелост.

– Пристапот на Русија и другите земји од глобалното мнозинство е фундаментално различен и подразбира почитување на меѓународното право, вклучително и Дејтонскиот мировен договор, кој го гарантира суверенитетот на БиХ со широки уставни овластувања на ентитетите, истакна Калабухов.

Тој нагласи дека Русија очекува што поскоро да се формираат владини институции на сите нивоа во БиХ, бидејќи, како што оцени, тоа е во интерес на прогресивна стабилизација во земјата, заради зајакнување на мирот и безбедноста на Балканот и понатамошен развој на повеќеслојните односи помеѓу Русија и БиХ.

Калабухов додаде дека по формирањето на владата, Русија ќе продолжи конструктивно да го зајакнува своето стратешко партнерство со Република Српска.

Според него, најдобриот пат за напредок на БиХ е оној за кој трите конститутивни народи и двата ентитети на БиХ ќе се договорат независно, преку дијалог заснован на меѓусебно почитување.

Ad
Ad