Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови, ВМРО-ДПМНЕ има раст од скоро 600 гласа

СДСM се повеќе тоне. Резултатите од изборите во Брвеница ја демантираа радоста на СДСM дека имаат помал пораз од последните локални избори минатата година. Нивниот пораз е уште поголем од ланските избори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Тоа што јасно може да се види е дека СДСM сега имаат 57 гласа помалку од гласовите на советничка листа лани, кога истиот кандидат им беше носител.

Односно истиот човек лани, како носител на листа за советници, освоил повеќе гласови отколку годинава како кандидат за градоначалник.

За појасно да и биде на јавноста, но и на СДСM, лани освоија 763, додека вчера, за истиот кандидат гласале 706 граѓани.

Кога веќе зборуваме со факти и бројки, вистината е следна.

ВМРО-ДПМНЕ освои за скоро 600 повеќе од ланските избори.

Имено, на листа за советници лани освоивме 2371 глас, додека вчера за Стојанчо Радичевски гласале 2943 граѓани.

Ad
Ad