Фудбал
Гостинските екипи поуспешни и на двете неделни средби од 10. коло во ПМФЛ
Бодовите од двата денешни натпревара во 10. коло во Првата македонска фудбалска лига отидоа кај гостинските екипи. Силекс беше убедлив против Башкими, Шкендија без проблеми до цел плен на „Автокоманда“.
На двата натпревара одиграни вчера, гостинските екипи исто така постигнаа победи. Струга ТЛ го совлада тимот на Шкендија Арачиново, додека Вардар славеше во Штип.
Постигнати резултати:
Башкими – Силекс 0:3
Скопје – Шкендија 1:3
Брегалница – Вардар 0:1
Шкандија Арачиново – Струга ТЛ 0:2.
Колото ќе биде заокружено утре со натпреварот меѓу Арсими и Тиквеш.
Пласман на табелата: Шкендија 23, Струга 20 бода, Вардар 20, Тиквеш 16, Шкендија Арачиново 14, Силекс 13, Брегалница 10, Арсими 9, Башкими 7, Скопје 3.
октомври 19, 2026


