Фудбал
Работнички избори осминафинале во фудбалскиот Куп
Фудбалерите на Работнички се последните кои обезбедија пласман во осминафиналето од фудбалскиот Куп откако попладнево како гости го совладаа Вардар Неготино со 8:0.
По два гола постигнаа Александар Богдановски и Бленди Ганиу, а по еднаш мрежата на противникот ја погодија Бојан Затуроски, Урон Алили, Алмир Подграѓа и Мирза Хасиќ.
Покрај Работнички, пласман во осминафиналето на Купот на Македонија обезбедија: Струга Трим Лум, Пелистер, Брера Струмица, Македонија Ѓорче Петров, Вардар, Башкими, Каменица Саса, Брегалница Штип, Скопје, Шкендија, Новаци, Беласица, Арсими, Тиквеш и Силекс (како бранител на трофејот од претходната сезона).
октомври 15, 2026


