Connect with us

Фудбал

Погба за случајот Сити: Се надевам дека Манчестер јунајтед ќе добие две титули

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба, се надева дека „Црвените ѓаволи“ ќе добијат две титули во Премиер лигата, поради финансиските неправилности на Манчестер сити. 

– Се надевам дека можеме да добиеме две титули, рече Погба.

„Граѓаните“ беа прогласени за виновни за кршење на финансиските правила на лигата помеѓу 2009 и 2018 година.

Казната сè уште не е утврдена, но некои експерти веруваат дека на клубот не само што би можел да му бидат одземени титулите, туку и да биде исфрлен во пониска лига.

Ad
Ad