Connect with us

Фудбал

Сидорф седнува на клупата на бразилски тим

Бразилскиот клуб Коринтијанс објави дека нов тренер на екипата е познатиот холандски фудбалер Кларенс Сидорф. Тој на клупата на бразилската екипа ќе биде до крајот на 2027 година.

По серијата слаби резултати на екипата досегашниот тренер Фернандо Диниз доби отказ на почетокот на октомври. Екипата е со еден бод над зоната за испаѓање, но има седум последователни порази.

Сидорф сепак нема да седне на клупата на следниот натпревар во дербито на Сао Паоло против Палмеирас во следното коло. Тој последен пат активен беше на тренерската клупа пред седум години кога беше селектор на Камерун. Во својата тренерска кариера има скромни 50 натпревари.

Ad
Ad