Фудбал
Суарез во првото, Меси во второ полувреме постигнаа по два гола
Екипата на Интер Мајами постигна нова победа во МЛС лигата откако ноќеска го совладаа Ди Си Јунајтед со 4:0. Натпреварот мина во знак на првите две ѕвезди на тимот Лионел Меси и Луис Суарез.
Суарез постигна два гола во првото полувреме – 3.минута и 39.минута, додека Меси беше стрелец на двата гола во вториот дел во 47.минута и 60.минута.
Ова беше важна победа за Интер Мајами бидејќи ја прекина серијата од пет натпревари без триумф и четири нерешени натпревари.
Интер Мајами се наоѓа на второто место во Источната конференција зад Нешвил и 14 бодови помалку.
октомври 11, 2026


