Connect with us

Свет

Заеднички воени вежби на Јапонија, Јужна Кореја и САД

САД, Јужна Кореја и Јапонија денеска почнаа воена вежба насочена кон зајакнување на капацитетите и заштита на мирот и стабилноста во регионот.

Воената вежба „Фридом еџ“ (Freedom Edge), што вклучува споделување податоци во реално време и координација на поморските и воздухопловните сили, ќе се одржува до петок.

Проширувањето на оваа вежба и континуираната соработка помеѓу трите земји ја демонстрираат нашата колективна сила, високото ниво на интероперабилност и непоколебливата посветеност на одбраната на нашите земји и безбедноста на слободниот и отворен Индо-пацифички регион, соопштија американските сили во Јапонија.

Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи претходно ги осуди вежбите, нарекувајќи ги „закана“ за земјата и регионот и вети дека Пјонгјанг ќе одговори со „најсилен став“.