Свет
Отворен првиот автомобилски мост помеѓу Северна Кореја и Русија
Русија и Северна Кореја денеска го отворија првиот автомобилски мост над реката Тјумен. Мостот е во близина на железничкиот „Мост на пријателството“, изграден во 1959 година.
Премиерот на Русија, Михаил Мишустин изјави дека мостот треба да го стимулира развојот помеѓу двете земји во различни области, вклучително и туризмот и да создаде нови работни места.
Убеден сум дека проширувањето на прекуграничната транспортна инфраструктура ќе даде моќен импулс за понатамошен развој на трговската, економската, научната, технолошката и културната соработка, наведе Мишустин преку видео врска на церемонијата на отворањето на мостот.
Изградбата на новиот мост почна во април минатата година. Неговата изградба беше договорена за време на посетата на претседателот Владимир Путин на Северна Кореја во 2024 година.
септември 7, 2026
