Connect with us

Свет

Најмалку 11 планинари загинаа во лавина во Кавказ

Најмалку 11 лица загинаа, а шест се повредени во лавина во руската севернокавкаска република Кабардино-Балкарија, соопштија локалните служби за итни случаи.

Лавина вчера се спушти од Мижирги, еден од највисоките врвови во рускиот дел на Северен Кавказ, и затрупа група од 33 планинари.

Шест планинари се водат како исчезнати, а повеќе од 50 лица од службите за итни случаи се вклучени во спасувачката операција, но нивните напори се попречени од непристапниот терен и високиот ризик од нови лавини.