Вести
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
По повод Денот на независноста, денеска во 19.00 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје Артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.
Од Генералштабот на Армијата информираат дека во 18:00 часот ќе биде ивршена пробна артилериска стрелба, со истрелување на еден плотун од шес артилериски орудија.
Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на Армијата, кои се реализираат по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста
септември 7, 2026
