Вести
МВР: Лишен од слобода возач во Владата затекнат при примање обележани пари
Министерството за внатрешни работи денеска информира дека по поднесена пријава од граѓанин, Д.Ц. вработен како возач во Службата за општи и заеднички работи при Влада на РСМ, е затекнат при примање на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода.
– Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единицата за корупција при МВР постапуваше по претходно поднесена пријава од граѓанин, во координација со надлежниот јавен обвинител. Во рамки на преземените мерки и активности, Д.Ц. вработен како возач во СОЗР при Влада на РСМ, е затекнат при примање на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода – посочуваат од полицијата.
По целосно документирање на случајот до надлежното јавно обвинителство поднесена е соодветна пријава.
септември 7, 2026
